Пред една недела, беше објавено дека Мино Рајола итно бил пренесен во болница на операција, но луѓето од неговиот ПР тим ги негираа ваквите гласини и посочија дека се работело за тестови кои барале да биде ставена анестезија.
Сепак, вечерва Билд пренесе дека Мино Рајола е на интезивна нега во болница во Милано, неговата здравствена состојба е сериозна. Се говори дека Италијанецот има проблеми со белите дробови.
Мино Рајола важи за еден од најмоќните агенти во светот на фудбалот и се очекува дел од неговите клиенти да бидат главни во летниот преден рок.
Ерлинг Халанд е желба на многу клубови ширум Европа, а Пол Погба ги одработува последните месеци од договорот со Манчестер јунајтед и сигурно многу клубови ќе тропнат на неговата врата.