Медиумите од Италија пренесуваат дека нови 10 фудбалери од Серија А, плус Жуниор Фирпо од Лидс, се под истрага за нелегално обложување, од кривичен аспект, казната е смешна и изнесува 250 евра.
Неколку фудбалери од Калчото се под истрага за нелегално обложување, веста прво ја објави Кориере дела Сера, а потоа беше пренесена и од многу други извори.
Ова е резултатот од истрагата која започна со скандалот во кои беа инволвирани Сандро Тонали и Николо Фаџоли.
До новите имиња е дојдено со помош на анализата која била направена на електронските уреди на Сандо Тонали и Коло Фаџоли. Во моментов нема доказ дека тие се обложувале на фудбалски натпревари, само користеле нелегални он-лајн платформи за обложување и покер.
Под истрага се Алесандро Флоренци (Милан), Николо Заниоло (Фиорентина), Матија Перин (Јувентус), Вестон Меккини (Јувентус), Леандро Паредес (Рома), Анхел Ди Марија (Бенфика, претходно Јувентус), Раул Беланова (Аталанта) Самуеле Ричи (Торино), Кристијан Бонајуто (Падова), Матео Канчелиери (Парма), како и Жуниор Фирпо кој никогаш играл во Италија и во моментов е дел од Лидс.
Од кривичен аспект, казната е смешна и изнесува 250 евра. Фудбалската федерација на Италија веќе побарала документи од обвинителството и ќе отвори своја истрага за да утврди дали има простор за казна и од спортски аспект.