Нејмар никако да се извлече од проклетството на повредите – најновите вести од Бразил се повторно разочарувачки за фудбалската ѕвезда.
Според „Глобо“, последната повреда што ја заработи на мечот за Сантош е далеку посериозна отколку што првично се мислеше. Бразилецот се врати на теренот по едномесечна пауза, но враќањето траеше кратко – го напушти теренот со солзи во очите, очигледно свесен за тежината на ситуацијата.
Наводно, за Нејмар сезоната е завршена. Повредата е сериозна, а опцијата за нова пауза од неколку месеци повторно е на маса. Од почетокот на сезоната 2022/23, Нејмар има само пет настапи во првенствените натпревари, што е повеќе од алармантно за играч од неговиот калибар.