Утрешниот натпревар помеѓу Аталанта и Лече во Серија А ќе биде одложен откако ненадејно почина Грациано Фјорита, долгодишен физиотерапевт на „жолто-црвените“.
Нова трагедија во Калчото, во сон починал Грациано Фјорита, долгогодишен физиотерапевтот на Лече.
Популарните „жолто-црвени“ се во карантин во Кокаљо, каде се подготвуваа за натпреварот против Аталанта, закажан за утре во 20:45 часот, а алармите биле вклучени откако утрово никој не можел да стапи во контакт со Грациано Фјорита.
На крајот тој бил пронајден починат во својата соба, се верува дека смртта настапила за време на сон.
38 годишниот Грациано Фјорита од мали нозе е дел од Лече и повеќе од 20 години работел во клубот.
Натпреварот помеѓу Аталанта и Лече нема да се одигра утре, останува да се види дали ќе биде презакажан за недела или понеделник.