Нова голеада во Бундеслигата, Лајпциг го победи Келн (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Келн се уште нема победа откако сезоната во Бундеслигата продолжи, овој пат на свој терен загуби од квалитетниот Лајпциг.

Домаќините поведоа уште во седмата минута со гол на Кордоба, но само како да го налутија противникот, Лајпциг со погодоци на Шик и Нкунку направи пресврт уште во првото полувреме.

По пет минути игра во вториот дел Тимо Вернер зголеми на 3-1, а Модест во 55. минута со убав гол од далечина намали на 3-2.

Конечниот резултат беше поставен само две минути подоцна, Олмо постигна гол за конечни 4-2 за Лајпциг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×