Нов убедлив пораз на Лидс, Алиоски одигра цел меч (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во последните два меча Лидс прима дури осум гола, овој пат тимот на Биелса загуби со 4-1 на гостувањето кај Кристал Палас. Нашиот Алиоски беше стартер и на теренот остана до крајот на мечот.

Кристал Палас поведе во 12. минута со гол на Дан, Лидс изедначи само пет минути подоцна, но голот на Бамфорд беше поништен поради милиметарски офсајд.

Во 22. минута Езе постигна прекрасен гол од слободен удар и го зголеми водството на 2-0. И по овој погодок пет минути подоцна Бамфорд даде гол, сега немаше ВАР зошто да му го поништи, Лидс намали на 2-1.

На три минути пред крајот на првиот дел, Коста си постигна неверојатен автогол за водство на Кристал Палас од 3-1.

Конечните 4-1 ги постави Ајев во 70. минута од натпреварот.

Во следното коло Лидс го пречекува Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×