Велат кој чека, ќе дочека. Оваа изрека се покажа како точна за Рајо вечерва. Малиот клуб од предградието на Мадрид конечно успеа да го победи големиот Реал во Ла Лига, и за ова им требаше 22 години.
До денеска, Реал Мадрид имаше дури 17 победи во низа, сепак, Рајо сега може да се пофали дека конечно ги фрли „кралевите“ на колена.
Вечерва на „Ваљекас“, голот од пенал на Ембарба беше доволен за сензација и триумф од 1-0.
Ова не беше единственото изненадување денеска во Ла Лига. На отварањето, Еибар со 0-1 славеше на гостувањето кај Валенсија, а Жирона стигна до минимален триумф од 1-0 над Севиља. И третиот тим кој се бори за последното место кое води во Лигата на шампионите, Хетафе загуби со 2-1 кај Реал Сосиедад.
Виљарел исто така киксираше и не успеа да ја победи последнопласираната Уеска.