1,3K
Maнчестер јунајтед до крајот на сезоната ќе биде без услугите на Џошуа Зиркзе, потврди менаџерот на тимот на Рубен Аморим.
Зиркзе се повреди во натпреварот од 32. коло против Њукасл кој „црвените ѓаволи“ го загубија со 1-4.
„Зиркзе нема да игра до крајот на сезоната, а работиме на тоа да биде подготвен за почетокот на следната. Не му е лесно“, изјави Аморим на прес-конференцијата пред реванш натпреварот од четвртфиналето на Лига Европа против Олимпик Лион.
Фудбалерот кој сезонава одигра 48 натпревари и постигна седум голови според информациите се здобил со повреда на тетивата.