Челси се посочува како последниот клуб кој влегол во трката за потписот на Хулијан Алварез, сопствениците на „сините“ патуваат во Мадрид со намера да го договорат голем трансфер.
Се чини дека Хулијан Алварез е се подалеку од Барселона, па Арсенал, и Челзи влезе во трката за потписот на Аргентинецот.
Новинарот Николо Шира објави дека „сините“ минатиот четврток опипале терен за ангажман на напаѓачот, за време на состанокот во Лондон со Атлетико, кога се дискутирал трансферот на Николас Џексон во Мадрид.
Одредени извори додаваат дека газдите на Челси, Тод Боли и Бехдад Егбали отпатувале во Шпанија на нова рунда преговори. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ наводно веќе се договорил со Хулијан Алварез, и сега ќе ги пегла деталите со Атлетико Мадрид.
Популарните „колчонериси“ бараат 150 милиони евра, но би можеле да го продадат Аргентинецот на Челси и за 120 милиони евра, само за играчот да не заврши во Барселона.