166
Манчестер
јунајтед испушти бодови во трката за топ четири пласман, вечерва на домашен
терен загуби од Вулверхемптон.
Избраниците на Ралф
Рангник малку прикажаа, најблиску до гол беа во 68. минута кога Бруно Фернандеш
ја погоди пречката.
Вулвс одигра
одлично, постојано се закануваше и до голот стигна во 82. минута, Мутињо
од врвот на шеснаесетникот прецизно биеше во долниот агол за 0-1.
Во последните
мигови, Манчестер јунајтед се обиде да се спаси од пораз, но Жозе Са го одбрани
слободниот удар на Бруно Фернандеш.
За Вулверхемптон резултатот
значеше крај на една лоша традиција и прва победа на Олд Трафорд по 1980
година.