Нов гол на Елмас за Торино, овојпат против Монца (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Торино по првото полувреме води со 1-0 на гостувањето кај Монца благодарение на гол на Елиф Елмас.

Погодокот падна во 41. минута кога Лазаро центрираше во шеснаесетникот, топката дојде до Елмас кој шутираше од прва и даде гол за предност на Торино од 1-0.

Ова е втор гол на Елмас за Торино во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани