Возбудлива завршница нè очекува во последното коло од Премиер лигата, откако Нотингем Форест обезбеди важна победа над Вест хем со 2-1, во рамки на 37. коло од англиската елита.
„Шумарите“ го отворија натпреварот со гол на Гибс-Вајт уште во 11. минута, а предноста ја удвои Ентони Еланга со погодок во 61. минута. Вест Хем не се предаде и преку Џерод Боуен намали на 2:1 во самиот финиш, но и покрај неколкуте добри шанси за израмнување, мрежата на домаќините остана недопрена до крајот.
Со оваа победа, Нотингем останува во игра за едно од местата кои водат во Лигата на шампиони. Последното коло ќе донесе директен дуел со Челси на домашен терен, а покрај Нотингем, во битката за Топ 4 се и Манчестер Сити, Астон Вила, Њукасл и Арсенал.
Англиската фудбалска драма ќе добие кулминација следниот викенд, кога ќе биде јасно кои четири тима ќе се борат на најелитната европска сцена следната сезона.
Фото: Nottingham Forest/FB