Норвежаните повторно издоминираа: Фудбалер беше најдобар на теренот, па дома си замина со печено прасе (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Норвешката екипа Брине одново се најде во центарот на вниманието на медиумите поради наградата за најдобар играч на натпреварот.

Имено, во првото коло за најдобар на теренот беше прогласен голманот Јан Де Бур, иако Брине загуби од Бодо Глимт, а како награда тој дома си замина со поголема колична на јајца.

Сега одлучија да одат и чекор понапред, па така Асен Ларсен кој беше најдобар во натпреварот против Вархуг од купот кој Брине го доби со 4-0 си доби печено прасе од 23 килограми.

Наградата за Ларсен беше апсолутно заслужена бидејќи беше стрелец на три гола за својот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани