Мануел Ноер продолжува да испишува историја во германскиот фудбал. Искусниот голман на Баерн Минхен стана највозрасниот репрезентативец кој настапил за Германија на големо меѓународно натпреварување.
Со 40 години и 79 дена, Ноер беше дел од почетниот состав на Германија во убедливата победа од 7-1 против Курасао во првото коло од Светското првенство. Со овој настап го надмина рекордот на легендарниот Лотар Матеус, кој на Европското првенство во 2000 година настапи на 39-годишна возраст.
Голманот, роден на 27 март 1986 година, го подобри досегашниот рекорд за речиси една година, уште еднаш потврдувајќи дека и понатаму е важен дел од германската репрезентација.
По Европското првенство во 2024 година Ноер објави повлекување од националниот тим, зад себе оставајќи 124 настапи и статус на голман со најмногу одиграни натпревари во историјата на Германија. Сепак, селекторот Јулијан Нагелсман одлучи повторно да му укаже доверба и го врати во репрезентацијата за настапот на Мундијалот.
Aged 40 years, 79 days, Manuel Neuer today becomes Germany's oldest-ever appearance maker at a major tournament.
— ESPN FC (@ESPNFC) June 14, 2026
He's now played in five World Cups: 2010, 2014, 2018, 2022 and 2026 🐐 pic.twitter.com/H1MDhxyFBp