227
Дембеле дојде како исклучително скапо засилување во Барселона, но никогаш не блесна во полн сјај, и честите повреди имаа удел во неговата форма.
Но, по доаѓањето Чави изјави дека сака Дембеле да остане во Барселона и да потпише нов договор.
Сепак, последните информации велат дека Њукасл притиска да го купи Дембеле во јануарскиот преоден рок.
Парите за Њукасл веќе не се проблем, новите сопственици ќе издвојат голема сума за Дембеле, прашање е дали Лапорта ќе го послуша Чави и ќе го задржи фудбалерот или ќе го продаде со цел да ги намали долговите и да отвори можност за нови засилувања.