Њукасл со помош на ВАР во 97. минута дојде до бод против Тотнем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем тргна фуриозно, уште од стартот се редеа шанси пред голот на Њукасл, а Лукас во 25. минута по асистенција од Кејн донесе водство од 1-0.

Сон ја погоди и стативата и пречката, а голманот на Њукасл имаше неколку фантастични интервенции.

Тотнем ја имаше играта под контрола, но во судиското продолжение од мечот Даер играше со рака во сопствениот шеснаесетник, по прегледувањето на ВАР судијата покажа пенал за Њукасл кој го реализираше Вилсон за конечни 1-1.

Само неколку минути претходно играч на Њукасл играше со рака во својот шеснаесетник но тогаш ВАР не се огласи, па веројатно Мурињо ќе биде бесен на судењето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани