Њукасл нуди 100
милиони евра за напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, тврди „РАИ Спорт“, но
се верува дека Србинот преферира клуб со кој би можел да настапува во Лигата на
шампионите.
Влаховиќ веќе ги
одби „Виолетовите“ за нивната понуда за нов договор и продолжување на
соработката, а неговиот актуелен договор истекува во 2023 година, а тоа на
клубот му дава одредена поволна ситуација за преговори со заинтересираните
страни.
Се верува дека
преферирана опција на Влаховиќ е Јувентус, но клубот од Торино наводно не може
да си дозволи таков трансфер од финансиски аспект во овој момент, а истовремено
постои и големо ривалство со Фиорентина.
Интерес за
потписот на Влаховиќ пријавуваат уште и Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, но
и Тотнем.