Њукасл нема да брза со назначување на нов тренер, трката е отворена

by
1 минути читање

Стив Брус синоќа доби отказ, па се очекува Њукасл наскоро да промовира нов тренер. Со оглед на промената на сопствениците, јавноста со нетрпение чека да види кој ќе биде новиот предводник на тимот.

Привремено тимот ќе го води Грем Џонс, а во меѓувреме Њукасл ќе преговара со можните наследници на Стив Брус.

Како фаворит се посочува Пауло Фонсека, но Романо тврди дека тоа не е конечна одлука, трката за нов тренер е отворена, и Њукасл не сака да носи избрзани одлуки.

Како и да е, во наредните денови, најдоцна до крајот на месецот се очекува Њукасл да го промовира новиот тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани