118
Њукасл се
поврзува со голем број на имиња откако клубот премина во рацете на конзорциум
предводен од Саудиска Арабија.
Според денешното
издание на Дејли Мејл, Исмаила Сар од Њукасл е идентификуван како првото големо
засилување во јануари. Весникот додава дека Вотворд нема лесно да се откаже од
офанзивниот фудбалер, „стрлшлените“ веруваат дека играчот има потенцијал да го
достигне нивото на Џек Грилиш па бараат слична сума, односно рекордни 100
милиони фунти.
Исмаила Сар се
пресели во Вотфорд во 2019 за сума од околу 40 милиони фунти, и веќе е на
радарот на неколку екипи од Премиерлигата, мерак му има фрлено и Јирген Клоп.