Њукасл ја заврши потрагата по нов тренер и изненади со изборот

by
1 минути читање

Еди Хоу и Њукасл си подадоа рака за две и пол годишен договор, наскоро треба да бидат завршени сите формалности и тој официјално да биде претставен како нов тренер на тимот.

Еди Хоу досега бил тренер само на Борнмут  Барнли. Тренерската кариера ја почна во Борнмут во 2008 година, по што направи едногодишна авантура во Барнли во сезоната 2011-12, за потоа пак да се врати во Борнмут каде остана до 2020 година. Тоа неговиот последен тренерски ангажман.

Во мај 2021 година ја одби понудата да стане тренер на Селтик.

Сопственците на Њукасл биле импресионирани од презентацијата на Хоу за неговите гледишта за клубот и нивото на детали и истражување кое го имал направено.

Првата задача на Хоу ќе биде да го спаси Њукасл од испаѓање, тимот се уште нема победа и се наоѓа во опасната зона со само четири освоени бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани