Њукасл испратил амбициозна понуда за Азар, Реал Мадрид прифатил, но Белгиецот одбил

by
0 минути читање

Во Шпанија
известуваат дека Еден Азар како никогаш досега е близу до заминување од
редовите на Реал Мадрид, а Њукасл лансирал амбициозна понуда до Белгиецот.

Се верува дека
понудата била прифатлива за Реал Мадрид, но одбиена од страна на Азар, а истата
изнесувала 40 милиони евра, дополнително вклучувала и бонуси, а „Дејли Мејл“
наведе дека Белгиецот не бил заинтересиран за трансферот.

Азар наводно
посакува трансфер во клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите, а Њукасл
иако има амбициозен проект пред себе, сепак во моментов е далеку од елитното
европско клупско натпреварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×