Њукасл има понуда до Тен Хаг која тешко се одбива, а Холанѓанецот сака да остане во Ајакс?

by
1 минути читање

Њукасл е сериозно
заинтересиран за ангажман на 51 годишниот холандски фудбалски стратег Ерик тен
Хаг, со тоа што му нуди богат договор, меѓутоа се верува дека тој засега и
пркоси на богатата понуда и сака да остане во Ајакс.

На Островот известуваат
дека клубот од „Сент Џејмс Парк“ на Тен Хаг му нуди годишна плата од 11 милиони
фунти, со тоа што би можел да стане третиот најскапо платен тренер во
Премиерлигата, веднаш зад Пеп Гвардиола од Манчестер Сити, односно Јирген Клоп
од Ливерпул.

Најскапо платени
тренери во Премиерлигата во моментов се Гвардиола со 20, односно Клоп со 15
милиони фунти годишна плата, а Тен Хаг важи за тренер во кого многумина гледаат
голем проспект, а претходно ја одби можноста да го наследи Жозе Мурињо на
клупата на Тотнем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани