На Лестер
повторно му се заканува сценарио како во ланската сезона кога остана без
пласман во Лигата на шампионите, откако вечерва забележа пораз од 2-4 на свој
терен од Њукасл, а со тоа „Лисиците“ оставија простор за надеж за останатите
ривали во битката за пласман во топ четирите екипи сезонава.
Резултатот по
првите 45 минути игра гласеше 0-2 за Њукасл кој со головите на Вилок во 22,
односно Дамет во 34 минута навести големо изненадување, а малку недостасуваше
домаќинот да запише дебакл на свој терен.
Во второто
полувреме Вилсон со два гола во серија, најнапред во 64, а потоа и во 73 минута
донесе водство од 0-4 за Њукасл, а Олбрајтон во 80, односно Ихеначо во 87
минута само го ублажија поразот за составот на Брендон Роџерс.
Лестер со овој
пораз останува на третото место на табелата со 63 освоени бода досега, два
повеќе од Челси, односно пет во однос на Вест Хем, но и меч повеќе.
Што се
однесува пак до Њукасл, со 39 бода има 12 бода повеќе во однос на Фулам, кој е
на најблиската позиција за испаѓање од елитното друштво, но има и меч повеќе во
однос на клубот од Лондон.