Њукасл го именуваше Еди Хау за нов тренер, за трансфери во јануари ќе има само 50 милиони

by
1 минути читање

Њукасл конечно го реши прашањето за нов тренер, откако неколку звучни имиња кажаа НЕ, изборот падна на Еди Хау.

Младиот стратег во саботата беше во свечената ложа на „Амекс“ и заедно со ко-сопственикот Аманда Стејвли го следеа дуелот на Њукасл против Брајтон.

„Голема чест е што станав тренер на клуб со статус и историја какви што има Њукасл. Ова е горд ден за мене и моето семејство. Се работи за прекрасна шанса, но ме чека многу работа и со нетрпение чекам да се појавам во тренинг центарот“ – рече Еди Хау.

Се очекува во зимскиот преоден рок да дојдат неколку нови играчи, низ медиумите често има шпекулации за засилувањата и трансфер буџетот.

Одредени извори пренесуваат дека Њукасл нема да се расфрла со пари во јануари и на располагање ќе бидат ставени околу 50 милиони фунти. Секако, можат да бидат одвоени и дополнитени 140 милиони фунти доколку клубот смета дека има потреба за тоа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани