Њукасл го доби трилер-мечот со Вест Хем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Њукасл и Вест Хем
одиграа неверојатен натпревар денеска, а поуспешен на крајот во конечниот исход
беа домаќините кои славеа со 3-2, победа која за нив има големо значење во
битката за опстанок во елитното друштво.

Клучен беше
моментот во 36 минута кога Њукасл дојде до почетно водство по автоголот на
Диоп, а од истата акцијата на домаќините Доусон заработи втор жолт картон и
предвреме беше испратен во соблекувалната.

Пет минути
подоцна Жоелингтон погоди за 2-0 и со тоа се надзираше победа за избраниците на
Стив Брус, меѓутоа гостинот донесе неизвесност во продолжението од мечот.

Диоп се „корегираше“
за автоголот во првото полувреме, па во второто во 73 минута намали на 2-1, за
веќе во 78 минута Лингард од пенал да израмни на 2-2 и мечот да го донесе во
крајно неизвесна завршница.

Херој за Њукасл
беше Вилок кој во 83 минута повторно ги доведе во водство домаќините, овој пат
за 3-2, а со тоа беше поставен конечниот исход од оваа пресметка, со
надополнување дека гостите останаа без неверојатниот Лингар кој игра во одлична
форма, тој се повреди и предвреме го напушти теренот.

Три бода големи
како планина за Њукасл, ако се земе во предвид дека овој тим со 35 бода сега се
наоѓа на 15 позиција на табелата во Премиерлигата, односно со 9 бода предност
во однос на Фулам кој е на позиција за испаѓање, позиција која е најблиску за
Њукасл.

Што се однесува пак до Вест Хем, „Чеканите“ остануваат на четвртото
место со 55 бода, но Челси, кој има бод помалку му претстои меч со Брајтон на
домашен терен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×