Њукасл го ангажираше Бруно Гимараеш, Лион ја дуплираше инвестицијата, добро ќе се офајди и Атлетико Паранаенсе

by
0 минути читање

Бруно Гимараеш е
големото засилување на Њукасл откако клубот премина во рацете на конзорциум предводен
од Саудиска Арабија, Бразилецот денеска го комплетираше трансферот вреден 50,1
милион евра вклучувајќи и бонуси.

За Лион ова значи
дуплирање на инвестицијата од пред 18 месеци, кога го купија Бруно Гимараеш за
20 милиони евра.

Од зделката добро
ќе се офајди и неговиот поранешен клуб Атлетико Паранаенсе, на кого му
следуваат 20%, или околу 10 милиони евра.

Лион може да
заработи додатно доколку Њукасл во иднина го продаде Бруно Гимараеш, клубот од
Франција ќе добие 20% од тој трансфер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×