Леванте и Барселона
одиграа возбудлив натпревар со пет погодока. Тер Штеген и Гарсија спречија
Моралес да ја понижи целокупната одбрана на „каталонците“ во првото полувреме,
па гол серијата почна на стартот од вториот дел.
Моралес од пенал
донесе предност за Леванте од 1-0 во 52. минута. Во 56. минута, домаќините
добија втор пенал но Тер Штеген го одбрани обидот на Марти.
Чави потоа
повлече потег, во игра ги вметна Педри и Гави и за пет минути Барса направи
пресврт. Најпрво Обамејанг со глава изедначи на 1-1 за Педри на асистенција на
Гави прекрасно да погоди за 1-2.
Во 83. минута,
Леванте доби и трет пенал, Малеро беше прецизен од белата точка за 2-2.
Но последниот
збор го имаше Лук де Јонг, Холанѓанецот уште еднаш се покажа како одлучувачки и
со глава ја затресе мрежата во 92. минута за славје.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.