173
Откако беше главен во елиминацијата на ПСЖ, Бензема синоќа постигна хет-трик за победа над Челси на Стемфорд Бриџ.
По натпреварот Бензема добиваше пофалби од сите страни, а за претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез тој е најдобриот напаѓач во светот.
„Најдобар напаѓач во светот е Бензема“, изјави Флорентино за „Скај Спортс“.
И Анчелоти на пресот по мечот имаше пофалби за Бензема кога беше прашан што ќе каже за неговиот напаѓач.
„Тој е како виното“, рече Анчелоти алудирајќи на тоа дека како старее Бензема е се подобар. Во декември полни 35 години.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.