165
Балотели ќе игра во Серија Б, според Џанлука Ди Марцио, тој веќе тренира со Монца, а од понеделник треба и официјално да стане нивни играч.
Монца ја раководат Силвио Берлускони и Адриано Галијани, а тренер е Кристијан Броки, а од поранешните играчи на Милан фудбалер е Кевин Принц Боатенг.
Амбициите на Монца се пласман во Серија А, а дали Балотели ќе им помогне или како на поголем дел од клубовите претходно ќе им одмогне, останува да видиме.