Еден од најбараните фудбалери во овој момент, младиот германски ас Флоријан Вирц, наводно веќе одлучил каде ќе ја продолжи кариерата, а тоа е минхенски Баерн.
Ѕвездата на Баер Леверкузен и германската репрезентација е веќе извесен период на радарот на најголемите европски гиганти. Реал Мадрид одамна покажа интерес, а минатата година дури се шпекулираше дека има постигнат договор. Сепак, германски „Билд“ сега објавува сосема поинаква приказна, Вирц се одлучил за Баерн.
Според истиот извор, 21-годишниот играч веќе ја прифатил понудата на новиот шампион на Германија и нема намера да преговара со други клубови. Јасна е неговата одлука.,доколку заминува од Леверкузен, тоа ќе биде само за да облече дрес на баварскиот гигант.
Сепак, ќе треба да се почека да завршат и преговорите помеѓу клубовите кои се уште не постигнале договор. Неговиот договор со Леверкузен е со важност до 2027 година.
Фото: Bayer 04 Leverkusen/X