433
Македонија утре со меч против Романија го почнува настапот во квалификациите за СП 2022. На денешната прес-конференција се појави Бобан Николов кој најдобро ја познава Романија. Тој беше дел од младинската школа на Академија Хаџи, а негов прв сениорски клуб беше Виторул.
„Се радувам што ќе играме против Романија, ќе имам можност да играм против некои мои поранешни противници. Се надевам дека ќе дојдеме до добар резултат, па и реми не би било лошо со оглед на тоа што Романија е фаворит пред почетокот на натпреварот“, вели Николов.
„Среќен сум што Букурешт ќе ни биде наш дом за ЕП, тука имам многу пријатели и знам дека летото ќе ни дадат голема поддршка“.
Фото: Игор Паневски – ФФМ