403
Бреша се врати во Серија А и го засилува тимот со цел да биде конкурентна во лигата со најсилните италијански клубови.
Една од трансфер желбите на тренерот Корини е Македонецот Бобан Николов.
Николов во моментов е член на унгарскиот МОЛ Види каде дојде по историската сезона со Вардар кога македонскиот клуб играше во групната фаза од Лига Европа.
Николов има договор со МОЛ Види до јуни 2021 година. Наскоро се очекува Бреша да достави формална понуда за Македонецот.
Calciomercato Brescia, Nikolov osservato speciale https://t.co/KS0L1hfb0A
— CalcioNews24.com (@CalcioNews24) June 29, 2019