Николо Пирло,
синот на поранешниот легендарен фудбалер Андреа Пирло, односно моментален
тренер на италијанскиот првак Јувентус, објави пораки на социјалните мрежи на
кои се гледаат смртни закани кон неговиот татко.
Предводникот на „Старата
дама“ не успеа да ги оправда очекувањата од него на клупата на тимот од Торино,
а постојано се шпекулира дека неговата позиција во клубот не е сигурна, а
проблемите продолжија и по ремито со Фиорентина изминатиов викенд со 1-1.
Неговиот син,
Николо објави на социјалните мрежи со што се соочува поради разлутените
навивачи на Јувентус изминатиов период.
„Постои
ограничување на сите работи во животот, а ова ограничување веќе извесен период
е надминато“ напиша Николо, а потоа објави и дел од коментарите кои ги добил.
„Ти мораш да
умреш заедно со твојот татко“ гласеше една од пораките кон него кои беа
објавени.