„Никој не може да го убеди Мбапе да остане во ПСЖ, неговата желба е јасна“

by
1 минути читање

Последната изјава на Ди Марија од пред неколку денови стави јасно дознаење дека никој не може да влијае на Мбапе за тој да потпише нов договор со ПСЖ.

Француските медиуми не веруваат дека некој има сила да го убеди напаѓачот да остане во Франција.

„Соблекувалната на ПСЖ нема моќ да влијае врз иднината на Килијан Мбапе, на неговиот избор. Доволно беше само да го слушнете Ди Марија. Јавна тајна е дека Реал Мадрид сонува да го потпише него како слободен фудбалер по крајот на оваа сезона, а тој никогаш не ја криел желбата дека сака да го облече дресот на тој клуб. Неговото заминување од францускиот главен град изгледа извесно… Една работа е јасна, неговите соиграчи од ПСЖ не можат да влијаат на него“, пишува „Франс Фудбал“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×