Никој не го сака Кутињо

by
1 минути читање

Филипе Кутињо е најскапото засилување во историјата на Барселона, но „каталонците“ видоа малку аир од него. На почетокот од минатата сезона, Роналд Куман реши да му укаже доверба и да му ја врати кариерата на прав пат, но следуваше повреда и три операции.

Се најавува негово заминување, но како што пренесува АС, големи се шансите Филипе Кутињо да добие уште една прилика да се докаже на Камп Ноу.

Во моментов нема ниту една понуда за неговите услуги, никој не сака да купи, ниту пак да го донесе на позајмица.

Секако, летото е долго и има уште многу до крајот на трансфер пазарот, но раководството на Барса полека се помирува дека тешко ќе може да се ослободи од Филипе Кутињо и плејмејкерот ќе остане.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани