Нико Ковач добил понуда која тешко се одбива: Ќе работи во Премиер лигата?

by Стефан
1 минути читање

Иако се очекуваше Борусија Дортмунд да му понуди продолжување на соработката, иднината на Нико Ковач како тренер на „милионерите“ е далеку од сигурна, a причината е наводниот интерес од Премиер лигата.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Тотнем веќе ја разгледува можноста за промена на клупата по крајот на сезоната. Анге Постекоглу е сè поблиску до отказ, а во Лондон според последните информации веруваат дека Ковач е идеален кандидат за наследник.

Претседателот на Тотнем, Даниел Леви, наводно го посочил хрватскиот стратег како идеална опција за да ја врати стабилноста и резултатите на тимот. Според истите извори, клубот е подготвен да му понуди тригодишен договор со годишна плата од седум милиони евра , сума што тешко се одбива, дури и за тренер со стабилна позиција како Ковач во Дортмунд.

Откако го презеде германскиот гигант, Ковач покажа стабилност, резултатска конзистентност и препознатлива игра, што дополнително го издигна неговиот тренерски углед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани