Барселона и
Јувентус договараа трампа во која ќе бидат вклучени Артур Мело и Миралем
Пјаниќ, но Бразилецот одби да се пресели во Торино, или поточно сака да
продолжи да го носи дресот на „каталонците“.
Според денешното
издание на Тутоспорт, „старата дама“ го побарала Ансу Фати кога веќе Артур Мело
не сака. Но раководството на Барса не помислува на ваква трампа.
Мундо Депортиво
пренесе дека одговорот од Камп Ноу бил: „Невозможно е да го добиете, никогаш“. Весникот
додава дека Барселона е подготвена да вметне други играчи, но не и големиот
талент.
Во меѓувреме, АС
пишува дека лидерите на „каталонците“ не се откажуваат од идејата Артур да биде
вклучен во трампата и продолжуваат да го притискаат Бразилецот да прифати
преселба во шампионот на Италија.