„Ѓаволите“ во
саботата одново разочараа пред своите фанови и одиграа само 1-1 против Евертон во Премиерлигата.
Кристијано Роналдо го почна мечот на клупата за резерви, влезе во второто
полувреме, но не можеше да приреди ново славје како на дуелот со Виљареал, кога
погоди во последните секунди за победа во Лигата на шампионите.
Гери Невил сега му
замери на Кристијано Роналдо за однесувањето и смета дека ЦР7 со своите
постапки непотребно става дополнителен притисок врз Оле Гунар Солшер.
„Го гледав
натпреварот и видов како Роналдо го напушти теренот. Не можам да кажам дека ми
се допадна она што го видов“ – вели легендата на Манчестер јунајтед во разговор
со Скај Спортс.
„Дали Кристијано е
лут поради тоа што не е стартер? Да. Дали Кристијано е лут поради тоа што не
погодил? Да. Дали Кристијано е лут поради тоа што неговиот тим не победи?
Секако. Но на сите им е добро познато ова, не треба да ни покажува и докажува“.
„Кога го напушти
теренот, си мрмореше нешто сам на себе, и тоа само отвара нови прашања. Што
зборуваше? На кого му беше лут? Сето ова може само да му направи проблеми на тренерот“.
„Кристијано е
паметен и знае дека ваквите постапки ќе донесат притисок врз тренерот, уште
поголем од притисокот под кој е сега“.
„Во следните
месеци ќе мора да се поработи на овој проблем. Роналдо нема да постигнува гол
на секој натпревар, а мислам и дека нема да може да игра на секој натпревар“.