Невил: Роналдо со своето однесување му прави голем притисок на Солшер

by
1 минути читање

Во саботата Манчестер јунајтед одигра 1-1 против Евертон на Олд Трафорд. Роналдо беше на клупата, во игра влезе во 57. минута од натпреварот. По мечот тој нервозно излезе од теренот мрморејќи си нешто. 

Поранешниот играч на Јунајтед и сегашен фудбалски критичар во „Скај спортс“, смета дека овој гест на Роналдо создава притисок врз Солшер.

„Го гледав натпреварот и видов како Роналдо го напушти теренот. Не можам да кажам дека ми се допадна“, вели Невил.

„Дали Кристијано е вознемирен кога не игра? Да. Дали Кристијано е вознемирен кога не постигнува гол? Да. Дали Кристијано е бесен кога тимот не победува? Се разбира. Ги знаеме сите овие работи, не мора да го потврдува тоа“.

„Тој го напушти теренот зборувајќи си нешто себеси, што отвора многу прашања. Што ли зборуваше? На кој е лут? И тоа може да се одрази на тренерот“.

„Кристијано е доволно паметен да знае дека такви постапки ќе придизвикаат вистински притисок кај тренерот, поголем отколку што веќе го има“.

„Тоа е што е, но мислам дека треба да се контролира во наредните месеци и да не го права тоа“.

„Кристијано нема секогаш да дава голови и можеби нема да може да игра на секој натпревар. Но ако продолжи да излелгува така од натпреварите, тоа ќе додава огромен притиок кај Оле Гунар Солшер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани