„Ѓаволите“ синоќа
разочараа и одиграа само 1-1 на гостувањето кај Њукасл, иако лесно можеше да се
случи и да загубат. По последниот свиреж на судијата, Кристијано Роналдо веднаш
се упати кон соблекувалната, и повторно одби да ги поздрави фановите, потег кој
не му се допадна на Гери Невил.
Легендата на
Манчестер јунајтед исто така му замери на ЦР7 поради тоа што постојано реагирал кога соиграчите ќе погрешат.
„Роналдо и Фернандеш
се двајца постари играчи во соблекувалната. Погубно е за младите фудбалери кога
двајцата најдобри фудбалери постојано ве гледаат и гестикулираат дека не сте
доволно добри“ – вели Невил.
„Кавани го прави
сосема спротивното, не им се плаши на Роналдо и Фернандеш, им се спротивставува
и им помага на младите фудбалери“.
„Мора веднаш да
престанат да цимолат и мора да се појават пред навивачите по крајот на
натпреварот и да ги поздрават. Не ме интересира како си одиграл, не ме
интересира каков е резултатот, мора да се појавиш пред навивачите и да ги
поздравиш, особено кога си најдобриот фудбалер во светот и еден од најдобрите
во историјата“.
„Ова трае со
месеци, ви велам, погубно е за младите играчи кога ќе ве погледнат така, нивниот
говор на телото. Роналдо и Фернандеш треба да им помогнат на младите играчи,
треба да им бидат тактко, дедо… се што треба“.
„Роналдо е
најдобриот играч кој сум го видел, но не може да се однесува така, не може да
бега по последниот свиреж на судијата“.