Невиден хаос во Чиле: Двајца мртви во стампедо по обид за упад на стадион! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
4 минути читање

На фудбалот во Јужна Америка не се гледа исто како што е тоа во остатокот на светот. Уште еднаш тоа се докажа пред и за време на натпреварот меѓу Коло коло и Форталеза во Копа Либертадорес. Средбата која се одигра во Чиле беше распродадена, меѓутоа голем дел домашни навивачи имаа обид за да упаднат на трибините.

Тогаш дојдоа во судир со полицијата која употреби солзавец и предизвика стампедо. При бегањето се случи трагедија, бидејќи двајца млади навивачи починаа под толпата народ.

  • Случувањата надвор од стадионот:

Драма се случи и на стадионот, односно кога се дозна за двете жртви пред „Монументал“. Навивачите на Коло Коло иако оградени со огромни стаклени огради успеаја да се пробијат до теренот и сакаа да ги нападнат гостите од Бразил.

  • Случките на теренот на „Монументал“:

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани