Неверојатниот статистички податок по новиот гол на Роналдо (ФОТО)

by bojan
2 минути читање
Роналдо

Кристијано Роналдо вчера на натпреварот помеѓу Ал Наср и Ал Шабаб постигна нов гол, негов 926-ти во кариерата, а статистиката покажува дека Португалецот постигнал 463 погодоци пред да наполни 30 години, и 463 погодоци откако наполнил 30 години.

Кристијано Роналдо минатиот месец наполни 40 години, но годините очигледно се само бројка за него, тој и понатаму игра на високо ниво и ги тресе противничките мрежи.

Вчера, на натпреварот помеѓу Ал Наср и Ал Шабаб, Португалецот погоди за 926. погодок во својата кариера и продолжува да се приближува до чудесната бројка од 1.000 гола.

По крајот на натпреварот, се појави неверојатна статистика, односно Кристијано Роналдо има постигнато 463 погодоци пред да наполни 30 години, и 463 погодоци откако наполнил 30 години.

Во последната деценија, напаѓачот постигнал исто толку голови како и ви претходните 13 години, односно од дебито во Спортинг во 2002 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани