Неверојатна сцена беше забележана во германската Бундеслига, на дуелот меѓу Келн и Хамбургер. Гостинскиот фудбалер Имануел Фераи можеби испиша неславна страница во историјата на лигата со потег кој ретко се гледа на фудбалските терени.
Фераи влезе во игра во 77-та минута, но остана неполни три минути. Веќе по само една минута заработи жолт картон, а веднаш потоа направи нов прекршок кој му донесе втор жолт и автоматски црвен картон.
Иако теренот беше лизгав, тоа не може да биде оправдување за неговата непромислена реакција. Со тоа Фераи стана трагичар на натпреварот и потенцијален сопственик на еден од најбрзите црвени картони во историјата на Бундеслигата. На крајот Келн го доби ХСВ со резултат 4-1.
Pherai has been sent off #KOEHSV pic.twitter.com/oSASAE9KHp
— Football24/7 (@foet247europa) November 2, 2025