Неверојатно: Фудбалер на Мароко четири пати го менувал дресот против Холандија

by Стефан
1 минути читање

Мароко по драматична пенал-серија ја елиминираше Холандија и обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство, а натпреварот долго ќе го памети и мароканскиот дефанзивец Чади Ријад.

Освен што беше дел од големата победа на својата репрезентација, Ријад стана главна тема и поради необичен детал. Имено, во текот на натпреварот дури четири пати мораше да го менува дресот по жестоките дуели со холандскиот напаѓач Брајан Броби, пренесуаат медиумите.

Првиот дрес беше искинат уште во воведните минути по еден силен судир, по што Ријад накратко го напушти теренот за да облече нов.

Но, тука не завршија неговите проблеми. Како што одминуваше натпреварот, следуваа нови физички дуели со Броби, а секој нов дуел оставаше трага на неговата спортска опрема. До моментот кога беше заменет во 75. минута, мароканскиот стопер веќе четири пати имаше сменето дрес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×