167
Србија не успеа да се пласира на Европското првенство, а таквиот неуспех Тумбаковиќ го плати со отказ од селекторската функција.
Извршниот одбор на ФСС едногласно одлучи дека треба да се промени селекторот, постигната е спогодбена согласност за раскин на договорот.
Се очекува новиот селектор да биде избран во првите месеци од новата година, ФСС не мора да брза бидејќи следниот меч на Србија е дури во март.