178
Во првото полувреме Челси пропушти да дојде во водство, Зума ја погоди и пречката од голот на Вулвс, но по само четири минути игра во вториот дел, Жиру донесе предност од 1-0.
Во 66. минута Поденс го изедначи резултатот. Како одминуваше времето се очекуваше дека ќе нема победник на овој дуел, но тогаш Нето во 95. минута даде гол за триумф на Вулвс од 2-1.
Челси со овој пораз остана на петтото место на табелата, но и тоа може да го загуби по крајот на колото во зависност од другите резултати.