Несторовски: Пандев е пример за сите Македонци, мојот идол е Пипо Инзаги

by
2 минути читање

Во интервју за „Газета дело Спорт“, Несторовски зборува за Трајковски, Пандев, за неговите цели со Палермо оваа сезона, за неговиот идол Пипо Инзаги…

„Со Трајковски сме големи пријатели, тој е одлична личност и одличен напаѓач. Одигра добро против Кротоне, но немаше среќа со повредите оваа сезона. Мислам дека тие се зад него и голот против Џенова беше многу значаен за неговиот морал. Очекувам многу од него во наредните натпревари бидејќи е важен играч за тимот“ – вели Трајковски.

„Горан Пандев е пример за сите Македонци, златно момче и модел за професионалец. Добри пријатели сме, тој испиша историја во италијанскиот фудбал и јас сакам да дојдам блиску до тоа што тој го има направено“.

Палермо води тешка битка за опстанок, има дури осум бодови заостанување зад Емполи, но сезоната е долга, па надежта се уште е присутна.

„Свесен сум колку беше значаен мојот гол против Кротоне, среќен сум за трите бода, за фановите и за тимот. Но доколку не успееме да се избориме за опстанок на крајот, овој гол нема да има никаква вредност“.

„Единствената стратегија за опстанок е да бидеме единствени како што бевме против Кротоне. Нема надеж без работа, нема други патишта, мора да бидеме заедно и напорно да работиме“.

„За новиот тренер имам само убави зборови, малку време е тука, но неговата харизма и јасни идеи кои ги има изгледаат импресивно. Не сакам да зборувам за тренерите кои не се тука, но благодарен сум им на сите, и на оние кои ги имав во Палермо и на оние во другите клубови. Од секој научив по нешто“.

„Не мислам на заминување, во моментов размислувам само на Палермо и на тоа како да избориме опстанок со тимот. Сакам да бидам најдобар стрелец на Палермо и верувам во опстанок иако изгледа тешко. Се надевам дека и следната сезона ќе бидам тука а Палермо во Серија А“.

„Инзаги ми е вистински идол. Но ајде да речеме дека се уште имам многу да работам за да можам да се споредувам со играч како него, но би било убаво да направам пола од она што тој го има постигнато во кариерата“.

Италија го памети голот на Несторовски и на репрезентативно ниво, Илија ја тресеше мрежата на Буфон во Скопје.

„Македонија и Палермо се двете мои големи љубови и нема да ги разочарам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани