27 годишниот македонски
репрезентативец и член на италијанскиот второлигаш Палермо, Илија Несторовски е
таргет број еден на Торино кој се натпреварува во Серија А, а воедно сака излез
во Европа.
И покрај големиот
интерес за кого се пишува низ италијанските медиуми подолг период, нашиот
напаѓач е целосно посветен на тимот од Сицилија, најавувајќи дека како капитен
на тимот ќе се обиде да го врати онаму каде што припаѓа, во елитното друштво на
Италија.
Нов тренер стара желба, Торино го сака Несторовски за да брка настап во Европа
„Втората половина од
2017. година беше успешна и позитивна за нас, ние сме лидери во Серија Б и
сакаме да се вратиме во елитното друштво на Италија. Пропуштив четири
натпревари, но постигнав десет погодоци“ рече Несторовски.
Прилепчанецот се врати
од повредата и сега е целосно на располагање на шефот на стручниот штаб на
тимот, Бруно Тедино, истакна дека како капитен има голема одговорност во тимот,
тешко му било да ги гледа своите соиграчи од трибините.
„Сега сум добар, не се
чувствував убаво гледајќи ги моите соиграчи како се борат на теренот а јас не
можев да им помогнам и ги гледав од трибините, како капитен на тимот,
чувствувам голема одговорност, сакам да им се заблагодарам на физиотерапевтите
за сето тоа што го сторија за мене“ издвои македонскиот напаѓач.
„Сакам да го вратам
Палермо таму каде што припаѓа, ние сме обединети, мораме да дадеме 100% од себе
за да се вратиме во Серија А, научив многу од италијанскиот фудбал, посебно во
делот на тактиката и сум горд на тоа“ додаде тој.
Извор: stadionews.it