Во четврток со почеток од 18 часот во Тбилиси, Македонија гостува на Грузија во најважниот натпревар во нашата фудбалска историја, победа не носи на Европско првенство.
„Конечно дојде собирот и подготовките за нашиот историски натпревар. Четири, пет години се бориме за ова и сега е време да се подготвиме за најважниот натпревар во историјата на македонскиот фудбал. Јас и цела репрезентација ветуваме дека ќе го дадеме максимумот за да ја оствариме целта. Ќе биде сосема поразлично од претходните натпревари. Срцето и желбата за победа ќе решаваат“, вели Несторовски.
„Знаеме кои се добри, а кои лоши страни на грузијците, но овие денови ќе ги анализираме и се надевам на многу позитивни работи. Имаме многу големи натпревари зад нас, не чувствуваме притисок. Гордо ќе ја претставуваме Македонија и се надевам дека ќе се пласираме на Европското првенство“.