Палермо се соочува со големи финансиски проблеми и постои веројатност во следната сезона да не ни настапува во Серија Б. Клубот е пред банкрот, не ја достави навреме документацијата за учество во лигата, а има и неисплатени плати кон фудбалерите.
Ваквата ситуација на Палермо ќе се обидат да ја искористат другите клубови и за мала сума да добијат фудбалери од сицилијанскиот тим, а таму еден од главните е Илија Несторовски.
Големи се шансите Несто да остане во Серија А каде во последно време се поврзува со Торино, Болоња и Лече.
Дел од италијанските медиуми пишуваат дека Македонецот не е вистинска мета на Торино во моментов, тој не е на списокот на тренерот Масимо Бава иако некои шпекулации го велат тоа.
Поголеми се шансите тој да потпише за Болоња која покрај Несторовски сака да го ангажира и неговиот соиграч од Палермо, Алесами.
Болоња будно ја следи ситуацијата во Палермо кој доколку прогласи банкрот фудбалерите ќе можат да заминат како слободни агенти.
Претходно Несторовски се поврзуваше и со Лече, но во моментов сите велат дека Болоња е фаворит за неговиот потпис.